Де Лаурентис за големата трансфер мета на Реал: Вратите се отворени, не се грижам за играчите!

adl-perez

Аурелио Де Лаурентис е убедливо најотворениот претседател кој секогаш дава директни и јасни изјави за тоа што се случува во клубот, но исто така и кога се во прашање потенцијалните засилувања и заминувања од првиот тим.

Првиот човек на Наполи е познат по своите изјави без влакна на јазикот, па бидејќи продолжи во свој стил, сега дополнително ги разгоре шпекулациите кои пристигнаа од Шпанија. Де Лаурентис го купи талентираниот Фабијан Руиз од Бетис за сума од 30 милиони евра пред 18 месеци, правејќи голем исчекор во дадената ситуација пред големите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона кои будно го следеа неговиот прогрес. Една и пол година подоцна, Реал Мадрид е сериозно загреан за актуелниот шпански репрезентативец кој игра на исклучително високо ниво во Наполи, а бидејќи од Пиринеите пристигнаа информации дека „кралскиот клуб“ навистина посакува да го доведе во своите редови, вратата за негово заминување ја отвори и Де Лаурентис.

– Фабијан отсекогаш бил топ играч. Ако одлучам да платам 30 милиони за играч кој малку кој го знаеше, тоа значи дека разбирам нешто од фудбалот. Една работа е да бидете добар во националниот тим, а друга да бидете константен во клубот на секои три дена. Фабијан е добар речиси на секој меч. Јас го пронајдов Фабијан, но ќе пронајдам и други. Вратата секогаш е отворена за играчи кои сакаат да си заминат. Искрено, мене не ми е грижа за играчите, ќе најдам нови, – во свој стил порача Де Лаурентис за „Скај Спортс“.

Facebook Коментари