Де Лаурентис влезе во „војна“ со Перез: Нема да наседнеме на неговите игри!

adl-telefon

Аурелио Де Лаурентис во ексклузивното интервју за „Кориере дело Спорт“ проговори дека преговорите меѓу Наполи и Реал Мадрид не одат во посакуван правец за Хамес Родригез поради високите барања на „кралевите“, но во вечерното интервју кое сега го направи за наполитанското радио „Кис Кис“, првиот човек на клубот јасно го посочи виновникот за ваквиот расплет.

Де Лаурентис е познат како тежок преговарач кој секогаш се обидува да се исценка за некој милион, но во дадената ситуација води разговори со Флорентино Перез кој очигледно не сака да попушти и така лесно да се ослободи од Колумбиецот.

– Хамес е во нашите срца, особено во срцето на оној кој најдобро го познава, тренерот Анчелоти. Проблемот на Хамес е тоа што мора да се справиме со Реал Мадрид. Ние сме тешки за преговори, не сакаме да попуштиме на неправедните петиции на Флорентино Перез и нема да наседнеме на неговите игри. Немаме намера да го направиме тоа, бидејќи нашиот тим и вака е силен. Сакаме да го купиме, но не сакаме да направиме грешки. Сигурно ќе има удари до крајот, секогаш се случува тоа кога еден сака да купи, а друг сака да продаде, – нагласува Де Лаурентис.

Facebook Коментари