Де Лаурентис: Вентура? Јас го отпуштив по само три месеци

Аурелио Де Лаурентис и досега испраќаше критики на сметка на Италијанската фудбалска федерација и селекторот Џан Пјеро Вентура, а неуспешниот обид за пласман на СП во Русија повторно го вратија во фокусот ставот на оваа тема на првиот човек на Наполи.

Де Лаурентис смета дека главен виновник за ситуацијата е првиот човек на федерацијата Тавекио, а за квалитетите на Вентура се изјаснил уште пред повеќе од една деценија.

– Тавекио е главен менаџер на овој голем неуспех, тој го задржуваше селекторот за кого смета дека е квалитетен, а јас го отпуштив во Серија Ц по само три месеци. Зошто селекторот воопшто го повикуваше Инсиње во националниот тим ако не го користи на позицијата на која игра, овој потег носи финансиска штета и за Наполи бидејќи изгледа како Инсиње да е слаб фудбалер. Ако бев Тавекио веднаш ќе поднесев оставка за да не изгледам како идиот, но тој е поинаков човек, – истакнал претседателот на Наполи.

Вентура беше назначен за тренер на Наполи на стартот на сезоната 2004/05, но не издржа долго на функцијата.

Facebook Коментари