Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис: Требаше да го избркам Гарсија на денот на промоцијата

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис предизвика големо внимание со вчерашното интервју, па покрај за Супер лигата и промените кои ги очекува во италијанскиот фудбал, зборувал и за статусот на Елмас, Зјелински и Осимен, но и за неодамна сменетиот тренер Руди Гарсија.

Французинот не се прослави на клупата на шампионот Наполи и е заменет со Валтер Мацари, а Де Лаурентис брутално изјавил дека сфатил дека направил погрешен потег уште на промоцијата на Гарсија.

– Требаше да го отпуштам уште дента кога го промовиравме.

– Изјави дека не гледал натпревари на Наполи, уште тогаш требаше да ми биде јасно. Требаше само да се погрижи екипата да игра како под водство на Спалети, а наместо тоа тој ме тераше да отпуштам еден извондреден фитнес тренер.

– На промоцијата требаше да кажам: Завршивме со промоцијата, но тој е веќе отпуштен, а јас само се насмеав на неговите изјави, – рекол Де Лаурентис.

Претседателот на Наполи најавил три засилувања во зимскиот преоден рок, а приоритет е позицијата десен бек.

Де Лаурентис: Елмас заминува од Наполи, не можеше да разбере една работа

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни