Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис со предлог до ФИФА и УЕФА националните првенства да не стартуваат во август и септември: Ова не е шега

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис се израдува на првата голема титула како газда на Наполи, откако составот предводен од Лучијано Спалети го израдува цел град со освоеното Скудето во Италија.

Наполи направи нешто за кое се бореше со години и за кое сонуваше повеќе од три децении, а иако за големиот успех се заслужни сите, голем дел пофалбите завршуваат и кај газдата Де Лаурентис за доброто менаџирање во ситуација кога сите мислеа дека тимот ќе биде послаб со заминувањата на Кулубали, Мертенс и Инсиње.

Како нов италијански првак, газдата на Наполи во своето последно обраќање дава и идеи за тоа како треба да се подобри инфраструктурата во Италија за нудење поголемо шоу за младата генерација, но испраќа и предлог до ФИФА и УЕФА во врска со стартот на националните првенства.

– Имам идеја околу стартот на првенствата. Зошто да играме на снег и во зимски временски услови? Зошто да не стартуваат сите натпреварувања во Европа на 1-ви април? Не, ова не е првоаприлска шега, за мене ова е задолжително решение. Да се игра седум месеци до октомври, а потоа од ноември до март играчите да имаат време за одмор и да играат за своите национални репрезентации. Зошто да бидам во можност да му скратам на африкански фудбалер да игра на Африканскиот Куп на нации во јануари?

– ФИФА и УЕФА се егоисти и себични, не ги решаваат главните проблеми. Се однесуваат како доминантни тела и не можеш да им кажеш ништо. Треба да седнат на маса и да понудат подобри решенија, за фановите многу важни се домашните првенства, – вели Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни