Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис со поддршка со Конте: Имавме супер тренинг со Лацио, можеме да си дозволиме експериментирање

Објавено

на

Foto:x.com/sscnapoli

Наполи не игра во европските купови во оваа сезона, па очекувањата беа дека клубот сериозно ќе ги сфати сите домашни натпреварувања.

На наполитанците добро им оди во Серија А и се очекуваше да притиснат и во Купот, но тренерот Антонио Конте се реши да ротира против Лацио, потег кој не донесе резултат и екипата доживеа пораз од 3-1 и елиминација.

Имаше критики за Конте од страна на медиумите поради потценување на натпреварувањето, сигурно одредено незадоволство има и кај дел од навивачите, ама претседателот Аурелио Де Лаурентис го поддржува стратегот.

-Се согласувам со него, беше апсолутно во право што употреби 11 различни играчи. Тоа беше супер тренинг против Лацио и животна лекција за тимот, -рече Де Лаурентис и додаде:

-Знаевме дека со толку промени, нема да биде лесно, јасно е дека ако задрживме повеќе од вообичаените 11, тогаш ќе беше поизбалансиран натпревар. Тренерот требаше да им даде простор на другите играчи и тоа го направи. Резултатот не е важен. Можеме да си дозволиме експериментирање, како Конте против Лацио, -порача првиот човек на калчолигашот.

Ова значи дека Наполи се фрла на една карта, настапот во лигата и трката по Скудетото.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни