Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис со новогодишен поздрав за одговорните во Серија А: Наместо фудбал, гледаме рагби

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи вчера одигра реми без голови против Монца, а тренерите Валтер Мацари и Рафаеле Паладино беа исклучени од главниот судија и не го дочекаа крајот на натпреварот на своите позиции покрај аут-линијата.

Невообичаено, по натпреварот, прес-конференција одржал првиот човек на шампионот, Аурелио Де Лаурентис, на која тој ја презел одговорноста за послабите резултати сезонава и најавил и дополнителни засилувања за екипата.

Но, Де Лаурентис не заборавил да испрати новогодишен поздрав и до одговорните во лигата, Габриеле Гравина (федерација) и Џанлука Роки (судии).

– Ги молам Гравина и Роки да се потрудат да ја вратат забавата и чувството на еднаквост во италијанскиот фудбал.

– Читам дека Серија А го губи значењето и кредибилитетот, а тоа е така бидејќи наместо фудбалски, гледаме рагби натпревари кои постојано се во прекин и судиите немаат подеднаков критериум за картони за сите екипи.

– Почитуван Роки, не можете да дозволите судија да исклучи двајца џентлмени како Паладино и Мацари, затоа што ова веќе не е фудбал, – рекол Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни