Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис сега ја отвора вратата на играчот на кого му уништи големи трансфери: Не можеме да го држиме со сила

Објавено

на

Фото: twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис важи за една од најконтроверзните личности во италијанскиот фудбал, не само поради односот кој го има со тренерите, туку и одлуките кои ги носи по самостојни заклучоци и без преговори со другата страна.

Газдата на Наполи во изминатите неколку години самостојно одлучуваше за иднината на најдобрите играчи во тимот, па откако му уништи неколку милионски трансфери на Калиду Кулибали во минатото, сега остава можност за разделба ова лето и практично му ја отвора вратата.

Кулибали веќе има 30 години и влезе во последната година од договорот со Наполи, а бидејќи преговорите за нов се во „ќор-сокак“, многу веројатно сценарио е разделба во наредните два-три месеци.

– Кулибали е симбол на Наполи, ако сака да престане да биде симбол за клубот, тогаш тој е оној кој одлучува. Ние сакаме Кулибали да остане, но не можеме да го натераме да го направи тоа.

– Секој има свое достоинство и свои потреби, ние ги почитуваме сите. Не сум принудил ниту еден играч да остане, дури ако има и неколку години од договорот. Единствениот кој го натерав да остане е Валтер Мацари, мојот драг пријател. После две години, тој сакаше да си оди, но не му дозволив. Тој остана и ни понуди четири години со неизмерна сатисфакција, – вели Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни