Лига на шампиони
Де Лаурентис се закани пред дуелот со Барселона: Ќе го видите ѓаволот…

Наредната седмица се враќаат возбудувањата во Лигата на шампионите и тоа со реванш средбите од осминафиналната фаза.
Една од четирите битки која треба да се комплетира е онаа меѓу Барселона и Наполи која е закажана за 8 август од 21 часот на „Камп Ноу“. Првиот дуел заврши без победник 1-1 и ќе биде интересно да се види кој подобро ќе се снајде и обезбеди место на завршниот турнир кој ќе се игра во Португалија.
Наполитанците на чело со првиот човек Аурелио Де Лаурентис имаа примедби, реакции за тоа зошто реваншот се игра во Каталонија, место каде одново има доста луѓе заразени од КОВИД-19. Де Лаурентис побара мечот да се игра на друго место, но од УЕФА дадоа јасен одговор дека останува закажаниот распоред.
Сега првиот човек на калочигашот одново се огласи и тоа со кратка, ама јасна порака во негов стил.
-Се надевам за доброто на сите, ништо да не се случи во Барселона, во спротивно ќе го видат Ѓаволот (ќе го ослободам пеколот). Ние зборуваме со УЕФА за ова, ама тие се како трите мајмунчиња, не гледааат, не слушаат и не зборуваат, -истакна Аурелио за „Газета Дело Спорт“.

- Шпанијапред 16 часа
Зидан го впери прстот кон еден играч по поразот од Атлетик Билбао
- Шпанијапред 18 часа
Зидан нагласи што му недостасува на Азар и заклучи: Ова ќе беше неуспех само во еден случај!
- Англијапред 17 часа
Маркус Рашфорд откри од кој менаџер добиле совети за изнудување повеќе пенали на натпреварите
- Англијапред 14 часа
Погба го трга товарот од плеќите на соиграчите: Не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со нив
- Англијапред 15 часа
Тотенхем предвреме го раскинува договорот со Герет Бејл?
- Светски првенствапред 11 час
Брестовац: Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ
- Англијапред 15 часа
Рашфорд откри за што најмногу жали во својата досегашна кариера
- Англијапред 17 часа
Хаман искрено за коментарот на Марк Клатенбург за Клоп: Тоа што го кажа е вознемирувачко