Италија
Де Лаурентис се двоуми за Тудор, има шокантен ас во ракавот за наследник на Гарсија!

Аурелио Де Лаурентис вчера одработи разговори со Игор Тудор и поранешниот фудбалер на Јувентус се извои како главен фаворит за клупата на Наполи, но како што одминуваат часовите, ситуацијата се менува и доскорешниот тренер на Марсеј сега не е единствена опција за замена на Руди Гарсија.
Угледниот новинар Џанлука Ди Марцио ексклузивно пренесува дека газдата на Наполи сега разгледува една сигурна и проверена опција, но истата е и помалку шокатна со оглед на поновата историја на искусниот стручњак.
Станува збор за Валтер Мацари, тренерот кој во минатото го водеше првиот тим на Наполи, но кој откако си замина од тогашниот „Сан Паоло“, забележа неколку неуспешни етапи како лидер на тимови како Интер, Ватфорд, Торино и Калјари.
Мацари своите најдобри тренерски денови ги имаше во Наполи во периодот од 2009-та до 2013-та година, па сега се издвоил како сериозен кандидат бидејќи ги прифаќа најважниот предуслов на Де Лаурентис.
Газдата на Наполи нуди само краторочен договор до крајот на сезоната без никакви клаузули за продолжување на соработката, а токму ова прави Мацари да биде полесен избор од Тудор кој не бил баш воодушевен од краткиот проект кој му бил претставен.
Хрватот се уште чека нов разговор со Де Лаурентис, но Ди Марцио вели дека до истиот нема ни да дојде доколку газдата на Наполи ова попладне се договори со Мацари.
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти добива „џокер“ во стартната постава, Реал рутински се врати на врвот (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Јовиќ се израдува на прв гол во дресот на Милан, голманот Мењан во улога на асистент! (Видео)
-
Европски првенствапред 18 часа
Далиќ: Не можеше потешко од ова
-
Англијапред 22 часа
Супер компјутерот на ОПТА пресмета какви се шансите на Јунајтед да обезбеди осминафинале во ЛШ
-
Македонијапред 20 часа
Лазаров: Имам една забелешка за Вардар, сега спречуваме изумирање на македонскиот ракомет!
-
Шпанијапред 15 часа
Анчелоти со неверојатни пофалби за својот „мотор“ во Реал: Тој е незаменлив и кога не игра на теренот
-
Европски првенствапред 18 часа
Порно звуци одекнаа за време на ждрепката за ЕП, присутните останаа во неверица (Видео)
-
Англијапред 5 часа
Тен Хаг призна дека една ѕвезда на Јунајтед посебно се мачи оваа сезона: Ќе зборувам приватно со него