Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Лаурентис режираше циркус во Барселона и ги разлути Италијанците: Го прекина интервјуто на свој играч и турна камерман (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио де Лаурентис е познат по тоа што често знае да води „војна“ со дел од новинарите во Италија, а како што изгледаат работите, во последно време не е задоволен од телевизискиот сервис „Скај Италија“.

Новинарите на овој медиум биле жртви на агресивен пристап од претседателот на Наполи во моментите кога Политано давал изјава, па видеото го споделија и шпанските колеги кои се нашле на местото на настанот.

Имено, Де Лаурентис режирал вистински циркус и го прекинал интервјуто на Политано, односно го тргнал од пред камерата и му наредил да не дава изјава за „Скај Италија“.

Од прикажаното видео се гледа дека Де Лаурентис отворил караница со новинарот, а пред да си замине, го турнал и камерманот.

Ваквото однесување на Аурелио предизвикал голем револт кај италијанските новинари, па сите медиуми го осудуваат непотребниот потег на претседателот пред сите присутни новинари од Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни