Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис прв се пофали со потписот: Миленикот на „Олд Трафорд“ заврши на „Диего Марадона“ (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи и официјално ја комплетираше целата операција со Манчестер Јунајтед и го доби засилувањето кое го посакува, а прв со вест на оваа тема излезе Аурелио Де Лаурентис.

Гордиот претседател на Наполи прв ја соопшти веста дека Скот МекТоминеј ставил потпис на четиригодишен договор со Наполи, што значи дека се претвора во најголемо засилување за тимот во последниот ден од преодниот рок.

Антонио Конте долго време бараше цврст играч за врска кој знае да се вклучи во нападот од втор план, а во МекТоминеј секако ќе добие фудбалер кој има насобрано големо искуство.

МекТоминеј беше миленик на „Олд Трафорд“ поради тоа што ги мина сите младински категории на Манчестер Јунајтед, но поради фактот што Шкотланѓанецот влезе во последната година од договорот, клубот процени дека е време за разделба.

Наполи плати 30,5 милиони евра за неговиот ангажман, што го прави второ најскапо засилување за клубот после Алесандро Бонџорно (35 милиони евра).

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни