Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис постави ултиматум за „операцијата Конте“

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Италијанските медиуми во текот на денешниот ден пренесоа дека Антонио Конте е пред потпис со Наполи откако ги договорил сите детали со Аурелио де Лаурентис, но подоцна во текот на денот пристигна демант на оваа информација.

Истата ја пренесе човекот кој е лично инволвиран во преговорите, а тоа е првиот човек на Наполи кој традиционално важи за еден од најтешките луѓе за постигнување договор во Италија.

Де Лаурентис отворено призна дека прв избор на Наполи е прославениот италијански стручњак, но истовремено призна дека ништо не е договорено во овој момент.

Всушност, газдата на Наполи постави ултиматум за „операцијата Конте“ и најави дека клучни ќе бидат наредните десет дена, по кои ќе се знае дали Антонио ставил потпис на договорот со минатогодишниот шампион.

– Не дека кријам нешто, или не сакам да кажам. Не можам да кажам ништо повеќе, бидејќи наредните десет дена ќе бида клучни. Наредните десет дена ќе бидат одлучувачки откао ќе се направат сите соодветни и потребни проценки. На крајот на денот, правилното расудување мора да победи, – изјавил Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни