Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

„Големата Калчо вечер“ се одржа вчера во Милано и на истата беа прогласени најдобрите за сезоната која измина, па сосема очекувано, најголемите признанија заминаа во рацете на претставници од Наполи.

Лучијано Спалети беше избран за најдобар тренер, Виктор Осимен за најдобар играч, Квича Кварацхелија го има голот на сезоната, додека Аурелио Де Лаурентис беше избран за најдобар претседател.

Првиот човек на Наполи ја прими оваа награад на гала вечерта во Милано, од каде испрати и порака за тоа какво значење за него има шампионската титула која беше освоена после 33 години.

– Минатата сезона беше незаборавна. Претходно имавме само едно Скудето и тоа беше освоено благодарение на легендарниот Марадона. Ние успеваме повторно, ја вративме насмевката во Неапол, ги научивме децата дека стадионот може да биде важен спортски центар.

– Денеска децата во Наполи следат фудбал повеќе од било кога. Кога јас го купив Наполи, во градот најдов едно игралиште со црква и имаше три деца со дресови на Милан, Интер и Јувентус. Ги прашав зошто не носат дрес на Наполи, а тие ми порачаа „кој си ти по ѓаволите“?

– На крајот успеавме, мило ми е што најдов тренер како Спалети, заедно успеавме во тоа што го сакавме. Тоа беше среќен брак, до толку среќен, што го пуштив да си оди кога посака такво нешто. Претходно го обврзав Бенитез да остане и не заврши добро. Морав да му дозволам на Спалети да си замине, – изјави Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни