Италија
Де Лаурентис: Оваа сезона ја доживеав и најлошата ноќ во 18-годишното владеење во Наполи

Аурелио Де Лаурентис оваа вечер откри дека неговата листа на потенцијални кандидат за тренер на Наполи се зголемила од 22 на 40 имиња, па и самиот вели дека ќе му биде многу тешко да го избере наследникот на Лучијано Спалети.
Де Лаурентис оваа сезона го доживеа најголемиот успех во 18-годишното владеење во Наполи и тимот за првпат ја освои титулата во Серија А после повеќе од три децении, но контроверзниот газда на клубот вели дека оваа сезона го доживеал и најголемото разочарување.
Интересно, не се работи за елиминацијата од Милан во четвртфиналето во Лигата на шампионите, туку за поразот кој го претрпе Наполи во Серија А од истиот ривал со 0:4.
– Не бев толку лут за елиминацијата од Милан во Лигата на шампионите, бев бесен на натпреварот кој го одигравме против нив во Серија А, загубивме на толку лош начин. Бевме целосно деконцентрирани, не може да загубите така од ривал кој е толку многу зад вас на табелата. Може да загубите со грешки на ВАР, со судиски грешки, промашивме и пенал против нив во Лигата на шампиони, но на мечот во Серија А не личевме на тим.
– Тоа беше комплетно неприфатливо и мразам кога луѓето велат дека „може да се има и таков ден“. Не, не треба да имате таков ден. Таа ноќ беше најлошото искуство кое го имав во Наполи во изминативе 18 години, не сакам да гледам како навивачите порано го напуштаат стадионот, – вели Де Лаурентис.
-
Светпред 22 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Италијапред 24 часа
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 22 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 12 часа
Чави со џентлменска изјава откако Рамос си постигна автогол за победа на Барса
-
Англијапред 12 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
Германијапред 22 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)
-
Англијапред 21 час
Покетино загрижен поради повредата на англискиот репрезентативец: Не изгледа добро…
-
АТПпред 23 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава