Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис: Направив голема грешка со Спалети

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис е газда кој никогаш не им ја држи вратата завторена на оние кои сакаат да си одат, па таков беше случајот и со Лучијано Спалети кои реши дека е целосно истрошен и изморен по освоената историска титула во Серија А.

Сосема неочекувано, слатката приказна меѓу Спалети и Наполи заврши на крајот од минатата сезона, а кога сега се навраќа на таа ситуација, претседателот на Наполи вели дека не смеел да дозволи заминување на актуелниот италијански селектор.

Де Лаурентис во најновото интервју открива дека комотно можел да ја активира клаузулата за продолжување на договорот до 2025-та година, но наместо тоа, решил да оствари разговор со Спалети по кој сепак му дозволи да си ги спакува куферите.

– Преземам одговорност за заминувањето на Спалети, направив голема грешка. Договорот беше добар, беше ист како оној со Рафа Бенитез. Имав вметнато опција за продолжување, можев да ја активирам во секој момент. После трите натпревари со Милан, му пратив и-мејл на Спалети дека ја активирам опцијата. Сите ми велеа дека не треба да го правам тоа, но јас не можев ниту да замислам дека Спалети на 12-ти мај ќе побара од мене дека сака да одмори и да се врати на фармерството.

– Се обвинувам себеси што го дозволив тоа, тој мораше да остане. Ја активирам опцијата и требаше да остане така. Ќе имавме судири после тоа, ќе имаше и правни спорови, но морав да останам верен на тоа што го потпишав. Тој сметаше дека дал се што имал за тимот, но јас не сум во неговата глава. Моите претпоставки се дека веќе имал остварено контакти со репрезентацијата, но не можам да го докажам тоа. Спалети ми кажа дека е изморен, а потоа ја презема репрезентацијата, тоа за мене е контрадикторно. Морав да го задржам Спалети, од тој момент почнав да правам грешки кои направија да сме на местото на кое сме сега, – признава Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни