Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис направил шоу пред новинарите и најавил укинување на пресовите на Наполи

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи вчера неочекувано го презакажа терминот за вообичаената прес-конференција на тренерот Валтер Мацари, а сосема очекувано, причина за тоа била желбата на претседателот Аурелио Де Лаурентис да присуствува на истата.

Де Лаурентис во неофицијален дел од пресот направил ново шоу, а покрај за преодниот рок зборувал и за квалитетот на телевизиските преноси на натпреварите од Серија А и обврските кои клубовите ги имаат кон сопствениците на тв правата.

– Серија А е вистинска катастрофа, претстава организирана од неспособни луѓе.

– Зошто внесуваат камери во соблекувалните додека на фудбалерите им висат тестиси и се обидуваат да се подготват за натпреварот? Ова е тотална глупост и „голем изум“ на оние кои им продаваат на сопствениците на тв правата.

– Тука се и изјавите по натпреварот, кога сите имаат свои проблеми. Според мене, подобро е да се разговара со тренерот еден ден подоцна, кога веќе внимателно го има анализирано натпреварот. Мислам дека и прес-конференциите пред натпреварите не се функционални, тренерите треба да бидат оставени на раат за да ги подготвуваат натпреварите, не можат да ви откриваат тактички детали и да му помогнат на противникот. Планирам да ги укинам овие пресови до крајот на сезоната, – рекол Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни