Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис: Наполитанците се губитници, тие никогаш не се среќни

Објавено

на

Аурелио Де Лаурентис веќе подолго време е претседател и сопственик на калчолигашот Наполи, тим со кој во минатата сезона постигна извонреден успех и успеа да го врати Скудетото на „Диего Армандо Марадона“ што е прв лигашки трофеј за клубот уште од времето на аргентинскиот волшебник.

Меѓутоа Де Лаурентис е човек кој често знае да избувне, да каже работи кои се контроверзни, носат реакции, коментари, а токму една така дефинитивно може да му донесе дополнителни критики затоа што се однесува на луѓето од Неапол.

-Наполитанците се губитници затоа што никогаш не се среќни. Потекнувам од семејство со седум членови од Неапол, меѓу нив една тетка која за среќа сè уште е жива и е крадец,-истакна Аурелио, а пренесува „Ла Република“.

Вечерва Наполи се соочува со Јувентус во дербито на колото во Серија А.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни