Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис му посака добредојде на европски шампион без да исплати едно евро (Фото)

Објавено

на

Судбината на Салваторе Сиригу е доста чудна на клупски план во последно време, бидејќи и покрај сите потешкотии да си најде сигурна средина, успеа да стане европски шампион и имаше свој удел во соблекувалната во големиот подвиг кој го направија Италијанците на Европското првенство.

Искусниот Сиригу доби и шанса за настап од Манчини на континенталниот собир и го направи тој турнир уште понезаборавен за него, но по големо воодушевување, следеше големо разочарување во Серија А.

Сиригу испадна во Втора лига со Џенова, а како слободен агент сега дочека вистинска понуда и повторно ќе биде дел од Серија А и тоа од елитен клуб.

Наполи се раздели со Оспина на крајот од минатата сезона, па Де Лаурентис успеал да го договори Сиригу за неговиот Наполи и неговиот трансфер беше официјално потврден.

– Добредојде Салваторе, – гласи пораката на Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни