Италија
Де Лаурентис комплетираше изненадување и се реши за втората тренерска опција, Тудор остана без ангажман

Аурлио Де Лаурентис е крајно непредвидлив и секогаш носи големи изенандувања со себе, а тоа го потврди и во потрагата по наследник на Руди Гарсија кој веќе е минато на „Диего Армандо Марадона“.
Францускиот стручњак не ги исполни очекувањата и многу брзо заработи отказ од газдата на Наполи, кој сега верува дека само искусен стручњак може да му помогне на актуелниот италијански шампион.
Де Лаурентис прво го контактираше Игор Тудор и вчера се состана со Хрватот, но средбата заврши без постигнат договор, што направи да видиме и голем пресврт во потрагата по наследник на Гарсија.
Тудор не се согласил да стави потпис на договор кој важи само крајот на сезоната и побарал двегодишна соработка, но овој услов на Хрватот на крајот го натера Де Лаурентис експресно да го договори Валтер Мацари.
Италијаските медиуми уште ова утро пренесоа дека Де Лаурентис има закажано средба со 62-годишниот стручњак, којпак без проблеми и размислување го прифатил условот на газдата на Наполи и сега ќе стане нов тренер на Елиф Елмас и соиграчите.
Ди Марцио прв ја пренесе веста за нивниот состанок, а сега исто така прв известува дека договорот е постигнат и дека Мацари ќе ја започне својата втора авантура во клубот по онаа успешната од 2009-та до 2013-та година.
-
Англијапред 23 часа
Невил искрено за Јунајтед: Ова е тажна позиција, се изморив од сопствениот клуб…
-
Англијапред 21 час
Кин почнува да се сомнева во Сити: Има причина зошто…
-
Англијапред 6 часа
Матиќ ги обелодени двете ѕвезди на Јунајтед кои редовно доцнеле на тренинзите: Останатите бевме бесни
-
Англијапред 9 часа
Ширер: Јунајтед има голем проблем во соблекувалната, четворица играчи се откажаа од борба
-
Светпред 7 часа
Родригез ги одбил Сити и ПСЖ: Флорентино ми постави едно прашање пред да потпишам за Реал
-
Италијапред 19 часа
Поранешен италијански судија го закачи Мурињо: Голем тренер не ги прави овие работи, ова мора веднаш да престане
-
Германијапред 20 часа
Хаман за ѕвездата на Баерн: Тухел не го сака во екипата, нивните патишта се разминуваат
-
Англијапред 7 часа
Артета му одговори на Пеп со иста мера и ги насмеа новинарите (Видео)