Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис ја посочи цената за која Кулибали и Руиз можат да си заминат од Наполи

Објавено

на

Првиот човек на калчолигашот Наполи, Аурелио Де Лаурентис е отворен за продажба на ѕвездите Калиду Кулибали и Фабијан Руиз.

Предводникот на наполтанците е подготвен да седне на маса и да се ослободи од Сенегалецот и Шпанецот, но под услов да има понуда за нив од 100 милиони евра.

-Ако Сити или Јунајтед или ПСЖ се појават со 100 милиони евра, јас би размислил за тоа и веројатно е дека тие би си заминале, секако ако тоа е нивната волја. Јас воопшто не разгледувам понуда од 60 милиони евра. Јас сум цврст на тоа.

-Ако сакав да го освојам Скудетото по секоја цена денес ќе се најдов со три, четиристотини милиони долгови. Гледам наоколу и гледам компании на 500, 600 милиони, помалку од милијарда. Не му должам на никого, -порача Аурелио за „Кориере Дело Спорт“.

Како за Кулибали така и за Руиз имаше интерес од најголемите клубови во Европа, но со ваква поставена цена тешко дека ќе можат ова лето да направат трансфер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни