Де Лаурентис излезе со поинаква верзија за трансферот на Елмас: Прво мора да комплетираме…

elmas-trening

Италијанската телевизија „Спорт Медиасет“ во вторникот пренесе дека Елјиф Елмас ќе ги одработи медицинските прегледи на „Сан Паоло“ во наредните 48 часа, но сепак трансферот на македонскиот репрезентативец од Фенербахче од Наполи нема да се реализира толку брзо, барем не ако им се верува на зборовите на Аурелио Де Лаурентис.

Првиот човек на Наполи одработи опширно интервју за „Кориере дело Спорт“ во кое искрено говореше за сите трансфер цели на Карло Анчелоти, а една од нив секако е суперталентираниот македонски фудбалер за кого се верува дека Наполи веќе има постигнато договор со Фенербахче за сума од 15 милиони евра.

– Навистина го следиме Елмас и имаме свртено огромно внимание кон него, не може да го негирам тоа. Но, во овој момент мора да ги комплетираме заминувањата на играчите во тимот. Имаме пренатрупаност во тимот, а тоа никогаш не е продуктивно. Во овој момент, наш приоритет е да продаваме. Имаме многу играчи во ростерот и мора да ја редуцираме групата, – порача Де Лаурентис кој најави дека за промоција на Елмас на „Сан Паоло“ ќе се почека уште извесно време.

Facebook Коментари