Де Лаурентис со искрен коментар: Јас не бев за ангажман на Љоренте

adl-sedi

Претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис во интервју за „Кориере дело Спорт“ го коментираше последниот трансфер на неговиот клуб и доаѓањето на шпанскиот ветеран, Фернандо Љоренте.

Контроверзниот претседател на наполитанците посочи дека тој не бил за ангажман на Љоренте, но дека за него притискал тренерот на клубот, Карло Анчелоти.

– Љоренте не беше моја идеја, туку на Анчелоти. Никој не би одбил топ играч како Икарди, но од првиот момент Анчелоти се одлучи за Љоренте затоа што тврдеше дека во нападот веќе сме пополнети и дека ни треба само шампионски карактер кој ќе игра во последните 30тина минути на некои средби кога нема да можеме да постигнеме гол. Некој кој ќе може да игра заедно со нашиот Милик. Инаку, јас не бев за ангажман на Љоренте, -истакна Де Лаурентис.

Facebook Коментари