Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис подготвил план за Гарсија, има сериозен кандидат за негов наследник

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Наполи не ги постигнува посакуваните резултати во сезоната во која ја брани титулата во Серија А, а паузата за настапите на репрезентациите е сериозна закана за тренерот Руди Гарсија.

Претседателот Аурелио Де Лаурентис вчера избегна да потврди дека му подготвува отказ на Французинот, но добро информираниот „Ил Матино“ тврди дека одлуката е веќе донесена.

Првиот човек на италијанскиот шампион наводно уште денеска ќе се обиде да договори предвремено прекинување на соработката и начинот на кој тоа ќе биде изведено во однос на финансиската отштета, а во меѓувреме преговара и со потенцијалниот наследник.

Главен фаворит според весникот е Антонио Конте, стручњак кој според Де Лаурентис може да го донесе посакуваниот пресврт во формата на тимот, а и тренер кој со своите досегашни резултати гарантира соодветни успеси во иднина.

Конте е без ангажман откако го напушти Тотенхем, а наводно имал преговори со Наполи и во периодот кога шампионот бараше наследник за Лучијано Спалети.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни