Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис и Конте си подадоа рака, Антонио порача: Можам да ветам само една работа (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/SpursOfficial

По долги преговори кои траеја повеќе од еден месец, Аурелио Де Лаурентис и Антонио Конте вчера водеа клучни преговори во Рим, а италијанската престолнина се покажа како град во кој беше склучен важен договор.

Усмената гаранција беше најава за тоа што следеше ова попладне, бидејќи Наполи и официјално соопшти дека трофејниот стручњак ќе го води првиот тим во наредните три сезони.

Како што јавуваат италијанските медиуми, Конте ќе заработи измеѓу 6 и 7 милиони евра за секоја сезона како тренер на Наполи, а ова ќе биде ново искуство за него во Калчото по оние кои ги имаше како предводник на Аталанта, Јувентус и Интер.

– Многу сум горд што нов тренер на Наполи е Антонио Конте. Антонио е врвен тренер, вистински лидер и сигурен сум дека со него ќе го продолжиме циклусот кој го почнавме со освоеното Скудето минатата година. По многу сезони на врвот во италијанскиот фудбал, денееска отвораме важно поглавје во историјата на Наполи, – порача Де Лаурентис, а прва изјава има и од Конте.

– Наполи е клуб кој има глобално значење, среќен сум и возбуден што ќе седам на клупата на овој клуб. Можам да ветам само една работа: Ќе дадам се од себе за раст на тимот и клубот. Мојата поственост и посветоноста на мојот персонал ќе биде максимална, – порачува Конте.

Foto:x.com/sscnapoli

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни