Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис го планира Пиоли за клупата на Наполи

Објавено

на

Стефано Пиоли веројатно нема да биде тренер на Милан следната сезона, но очигледно експресно ќе добие сериозна понуда од друг италијански клуб.

Медиумите на „чизмата“ тврдат дека Аурелио Де Лаурентис е голем фан на работата на Пиоли и ако се исполнат најавите за раскинување на договорот со „росонерите“, тогаш тој ќе му понуди да го води Наполи од следната сезона.

Милан е далеку од Интер во битката за титулата во Серија А и веќе доживеа елиминација во Лигата на шампионите, па сопствениците на клубот наводно веќе решиле дека ова му е последна сезона, додека Наполи не може да биде презадоволен од игрите на тимот под водство на Валтер Мацари.

Де Лаурентис го цени она што Пиоли го направи во Милан, тим на кого му донесе и титула по подолго време, па останува само да се адаптира и на неговата поголема плата во споредба со досегашните тренери на Наполи.

Во однос на Милан, шпекулациите се дека најблиску до позиција да го наследат Пиоли се Тиаго Мота и Антонио Конте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни