Поврзете се со нас

Италија

Де Лаурентис го нападна лидерот на европски великан: Контактира фудбалери без наше одобрување

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

Аурелио Де Лаурентис беше составен дел од прес-конференцијата која ја одржа Антонио Конте на својата промоција во Наполи, а првиот човек на клубот не пропушти да даде одговори на доста актуелни теми поврзани со важни играчи од првиот тим.

Де Лаурентис најави дека силно ќе се бори за Ди Лоренцо и Кварацхелија и посочи дека двајцата на крајот ќе останат во Неапол, но истовремено нагласи дека Насер Ал Келаифи е човек без никаква почит и фудбалски манири.

ПСЖ е клубот кој го контактираше Квича и кој прави Грузиецот да се мисли за својата иднина, а Де Лаурентис има само лоши зборови за медот кој го употребува првиот човек на францускиот шампион.

– Ние ќе седнеме на маса со Ди Лоренцо и Кварацхелија и ќе го решиме проблемот. Квича ќе добие нова понуда за договор и сигурен сум дека ќе најдеме заеднички јазик.

– Во вакви ситуации, има моменти кога не можеме се да контролираме. Има луѓе кои контактираат фудбалери без наше одобрување. Станува збор за Ал Келаифи, човекот кој е претседател на Европската клупска асоцијација. Тој треба да ги брани интересите на европските клубови, но со своите манири не го покажува тоа. Имам 75 години и веќе не ме изненадува ништо во фудбалот, – гласи изјавата на Де Лаурентис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни