Де Лаурентис го крена гласот за ждрепката во ЛШ: Ќе барам објаснување од УЕФА, ова е катастрофа

delaurentis-cvikerir

Аурелио Де Лаурентис му даде поддршка на Карло Анчелоти откако тимот претрпе шокантен и уверлив пораз од 3:0 на гостувањето кај Сампдорија, но покрај загриженоста која ја искажа за лошата игра на Наполи, првиот човек на клубот не криеше дека многу понејасно му е тоа што се случи на ждрепката во Монако.

Наполи се најде во исклучително тешка група во Лигата на шампионите и за противници во оваа фаза од најелитното натпреварување ќе ги има Ливерпул и ПСЖ, а она што не му е јасно на претседателот на Наполи е тоа како англискиот премиерлигаш го имаше статусот на тим кој ќе чека противници од третиот шешир.

– Чувствувам горчина, ќе ги контактирам луѓето од УЕФА и ќе барам објаснување. Ова што се случи е вистинска катастрофа. Како може финалистот во Лигата на шампионите да биде во третиот шешир, – запрашува Де Лаурентис во интервјуто за радио „Кис Кис“, очигледно заборавајќи дека УЕФА има посебни пропорции на оваа тема, односно ги определува шеширите според коефициентот на сите клубови, или поточно нивните резултати во Европа во последните неколку години.

Facebook Коментари