Италија
Де Лаурентис го кажа своето: Наполи постави цена за услугите на Осимен

Наполи е најпријатното изненадување во Топ 5 лигите во Европа во оваа сезона, тим кој со големи чекори се движи кон Скудетото во Серија А, но и тим кој „грми“ во Лигата на шампионите каде е во четвртфиналето и притоа ако се погледне формата има отворен пат да стигне до големото финале.
Големи заслуги за ваквата кампања има напаѓалот Виктор Осимен кој е незадржлив, дава голови, постојано влегува во шанси, отвара простор за соиграчите или поточно со секој меч само си ја зголемива цената на пазарот.
Екипи како Манчестер Јунајтед и Челси сакаат да го видат Нигериецот во своите редови, ама за да се случи тоа ќе мора да ги испразнат банкарските сметки затоа што калчолигашот ќе бара најмалку 170 милиони евра. Според италијанските медиуми, претседателот Аурелио Де Лаурентис нема намера да се откаже од голгетерот или поточно тоа единствено ќе може да се случи под негови услови што ќе биде пеколно тешко за сите заинтересирани.
Осимен има договор со наполитанците до 30 јуни 2025 година.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)