Де Лаурентис ангажираше „нов Зинедин“ и го најави како иднина на Наполи

machach-delaurentis

Актуелниот лидер во Серија А, екипата на Наполи денеска го комплетираше договорот со талентираниот Зинедин Машаш чиј последен клуб беше Тулуз.

Машаш кој има 22 година заработи отказ од Тулуз, а сега доаѓа во Наполи како влог во иднината на клубот, нешто што при потврдувањето на трансферот го потврди и претседателот Аурелио Де Лаурентис.

Се очекува францускиот интернационалец кој е играч за врска, да биде испратен на заем во друг клуб до крајот на сезоната, а да го засили тимот на Маурицио Сари следната сезона.

Зинедин Машаш е роден во Марсеј и има алжирско потекло, две работи кои го поврзуваат со славниот Зидан, па и не е тешко да се претпостави инспирацијата за неговото име.

Facebook Коментари