Поврзете се со нас

Формула 1

Де ла Роса: Алонсо во Рено е како Меси да замине во Гранада

Објавено

на

Поранешниот Формула 1 возач, Педро де ла Роса, на интересен начин го прокоментирал најавеното враќање на неговиот сонародник Фернандо Алонсо во овој шампионат.

Де ла Роса му е добар пријател на поранешниот Ф1 шампион и за него е спорно возач како Алонсо да се врати во болид на Рено.

– За мене Алонсо да потпише за Рено во моментов е како Лионел Меси да направи трансфер во Гранада. Не сакам да навредам никого, но тоа е моето мислење.

– Фернандо знае колку го ценам и секоја година се надевам дека ќе се врати во Формула 1, се уште има време за такво нешто, но се надевам дека тоа ќе се случи во тим кој ќе му понуди конкурентен модел, – дополнил Де ла Роса.

Шпанецот покрај 104 трки во Ф1 кои ги извозе за повеќе екипи, беше и тест возач во Мекларен во 2007 година, сезона во која Алонсо имаше катастрофални резултати како возач на оваа екипа, по што се врати во Рено.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни