Поврзете се со нас

Шпанија

Де ла Фуенте за измената на Ламин: Треба да разбере една работа

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Луис Де ла Фуенте ризикуваше да добие жестоки критики од шпанската јавност поради замените кои ги повлече во четвртфиналето, бидејќи селекторот буквално ги извади најбрзите играчи на теренот и на нивно место стави фудбалери со подокажаните технички квалитети.

Целта на Де ла Фуенте беше да ја задржи топката и да ги неутрализира Германците со посед на топката, но тоа пропадна во вода кога домаќинот на турнирот израмни преку Вирц.

И покрај тешкиот удар и Јамал, Нико и Мората на теренот, Шпанија на крајот успеа да го пронајде патот до победата и да се пласира во полуфиналето, меч за кој шпанскиот селектор не отфрла можност да повтори исти измени.

Де ла Фуенте го извади Јамал по само 60 минути игра во Штутгарт, па сега вели дека балансот во тимот е многу поважен од тоа да се задоволат апетитите на самите играчи кои се на теренот.

– Ламин треба да разбере една работа. Некогаш ќе игра повеќе, но некогаш помалку. Вистина е дека имаме многу брзи играчи во тимот, со нив правиме многу транзиции, но таа игра носи и ризик. Против тимови кои се подефанзивно ориентирани, контранапади можат да бидат убиствени. Не треба секогаш да се игра со 100 километри на час, залудна е брзина и сила ако немате контрола на теренот. Најважна е контролата во играта, понекогаш треба да се мисли и на балансот во тимот, – вели Де ла Фуенте во една од првите најави за полуфиналето со Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни