Поврзете се со нас

Шпанија

Де ла Фуенте си постави интересна цел на натпревар без никаква важност

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Шпанија утре ја пречекува Швајцарија во натпревар кој нема никаква важност за европскиот шампион, па затоа селекторот Луис Де ла Фуенте најави дека ќе излезе на терен речиси со „втор тим“.

За да не биде безобѕирен, предводникот на „фуријата“ најави дека шанса ќе добијат играчите кои обично се на клупата за резерви, но свесен е и дека во такви услови, оваа Шпанија е исклучително силна за било која друга репрезентација.

Со оглед на позитивната форма, Шпанија е апсолутен фаворит за освојување на трите бода, а Де ла Фуенте си пронајде и интересен предизвик за да се стигне до нов триумф.

– Секој натпревар е приказна за себе, па така е и сега. Сите играчи се тука за да играат, па сега ќе добијат шанса оние кои поретко се на теренот.

– Ќе има промени во тимот, но оние кои ќе излезат на теренот, ќе излезат за да донесат три бода. Мене ми е важна победата, така имаме шанса плус да бидеме први на ФИФА ранг листата. За мене тоа е добро признание, пред две години бевме 11-ти во светот, а сега можеме да бидеме први, – изјави Де ла Фуенте.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни