Поврзете се со нас

Шпанија

Де ла Фуенте разочаран: Не можам да верувам каков третман добива нашиот капитен

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Алваро Мората не знае дали ќе остане член на шпанската репрезентација по крајот на Европското првентво и причина за тоа се навредите и потценувањето на кое сведочи речиси по секој натпревар, а тоа за него е посебно болно во ситуација кога е капитен на актуелениот тим кој го предводи Де ла Фуенте.

Напаѓачот на Атлетико Мадрид не е задоволен од третманот кој го добива од фановите, експертите и медиумите и не криеше дека размислува за повлекување, изјава со која натера реакција од селекторот Де ла Фуенте кој целосно застана зад својот фудбалер.

Иако многумина сметаат дека Алваро е прекуброен во стартниот тим на Шпанија, Де ла Фуенте во ниту еден момент не го изостава од почетните 11, а така ќе биде и во полуфиналето со Франција.

– Целосно стојам зад ставот на Мората. Навистина не можам да верувам каков третман добива една таква фудбалска ѕвезда како Алваро.

– Третманот кој го добива играчот кој е наш капитен е навистина неправеден. Не се согласувам со сите оние кои кажуваат лоши работи за Мората, јас сум целосно позициониран на негова страна и тука сум да му дадам поддршка, – изјави Де ла Фуенте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни