Поврзете се со нас

Европски првенства

Де ла Фуенте пред четвртфиналето со Германија: Со сета почит кон ривалите, но…….

Објавено

на

Шпанија се прикажа во уште една блескаво офанзивно издание и постигна четири гола во мрежата на Мамардашвили, па со тоа направи да згасне историскиот грузиски сон на ова Европско првенство.

Иако Грузијците поведоа со автоголот на Ле Норманд, шпанската машинерија во продолжение се разбуди и постигна четири погодоци, но реално можеше да постигне најмалку уште толку во мрежата на расположениот голман на Валенсија.

– Да бидеме реални, овој меч требаше да заврши 8:1 или 9:1. Наша цел е да победуваме на секој нареден меч, а следниот ривал ни е Германија.

– Со сета почит кон сите други играчи и сите други тимови, но ние ги имаме најдобрите играчи на светот. Тоа не значи дека ќе победиме со сигурност, но ќе се бориме да биде така.

– Сите тимови имаат свои силни страни, ни следи меч со многу силен тим и очекувам да биде тесно. Детали ќе го одлучат победникот, но имаме преголема самодоверба во себе пред четвртфиналето, – изјави селекторот Де ла Фуенте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни