Поврзете се со нас

Шпанија

Де ла Фуенте повика тројца дебитанти, Шпанците по долго време без играч на Реал Мадрид

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте денеска го објави списокот за претстојните натпревари на Шпанија во Лигата на нации, а на него се најдоа три нови имиња.

Де ла Фуенте мораше да најде замена за одрени повредени играчи, па прва шанса во дресот на „фуријата“ ќе добијат Саму Омородион, Марк Касадо и Аитор Паредес.

За разлика од претходните натпревари, подготвени за настап се играчи како Олмо, Вилијамс, Ајозе и Пино, додека последен отпаднал Пау Кубарси, кој заработи незгоден удар во главата на дуелот меѓу Црвена Звезда и Барселона во ЛШ.

Алваро Мората ќе биде дел од националниот тим за ноемвриските натпревари, што е потврда дека се е во ред со напаѓачот на Милан кој ноќеста остана хоспитализиран по силниот удар во глава кој го заработил на вчерашниот тренинг на Милан.

Интересно е што во шпанскиот национален тим нема ниту еден фудбалер на Реал Мадрид, нешто што последен пат се случи во октомври 2021 година, а и овојпат е последица на повредите, односно слабата форма и малата минутажа на дел од потенцијалните репрезентативци.

Шпанската фудбалска федерација заработи комплименти и за начинот на кој го соопшти списокот, а тоа го направи со видео кое е посветено на жртвите од поплавите во Валенсија, односно сите оние кои помагаат за санирање на последиците од големиот удар за целиот регион.

Противници на актуелниот европски шампион ќе му бидат селекциите на Данска и Швајцарија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни