Поврзете се со нас

Европски првенства

Де ла Фуенте по победата над Албанија: Никој не направил вакво нешто во историјата

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Шпанија имала многу посилна генерација од оваа актуелната кога е играчкиот кадар во прашање, но играта која ја изгради Луис де ла Фуенте дефинитивно потсеќа на златниот тим кој го водеше Висенте Дел Боске, а претходно и Арагонес.

Доказ за тоа е и статистиката која вели дека тимот на Де ла Фуенте е првиот во историјата кој завршил една групна фаза со три победи и без примен гол, перфектен учинок со кој се пофали и самиот селектор по победата над Албанија.

Иако излезе на теренот со втор тим, Шпанија најде решение за Албанците уште во раната фаза и направи почетниот гол да биде доволен за победа, па така со три победи, пет дадени гола и ниту еден примен се пласираше во осминафиналето.

„Фуријата“ се уште не знае против кој тим ќе игра во нокаут фазата, но Де ла Фуенте е свесен дека мора да се победат најдобрите ако сакаат да стигнат до трофејот.

– Имаме огромни амбиции и желба за победа, но останува цврсто со нозе на земја. Сакаме да изградиме позитивен победнички менталитет и навистина е голема работа што поминавме понатаму со три победи и ниту еден примен гол. Вакво нешто првпат се случува во историјата на мундијалите и Европските првенства, – изјави шпанскиот селектор.

– Можеме да бидеме уште подобри, ќе биде уште потешко од осминафиналето. Нема мал тим на ова Европско првенство, видовме дека и Албанците беа агресивни, но наша цел е да стигнеме најдалеку што можеме. За да стигнеме до целта, мора да ги победиме и најголемите репрезентации, – изјави Де ла Фуенте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни