Шпанија
Де Ла Фуенте конечно го доби тоа што очајнички го посакуваше

Луис Де Ла Фуенте веќе некое време излегуваше со изјави во јавноста со кој вршеше притисок кон водечките луѓе во шпанската Федерација, а очигледно таквиот план вроди со плод.
Искусниот шпански стручњак денеска го доби тоа што го посакуваше, односно нов договор кој му гарантира дека ќе биде селектор најмалку до 2028-ма година.
Де Ла Фуенте брзо се докажа како извонреден наследник на Луис Енрике и во само две години ја направи Шпанија европски шампион, а по првиот голем успех со „црвената фурија“, сега се подготвува за вториот голем предизвик, Светското првенство.
За да има многу поголем мир при работата, шпанската Федерација денеска го награди со нов договор, по што Луис нагласи дека би сакал да ја работи оваа задача до крајот на животот.
– Можам да ветам многу работи понесен од еуфоријата, но јас ветувам само работа, посветеност и напор. Имаме голем талент, но исто важи и за останатите. Ќе продолжиме да се бориме за сите големи титули, со истата понизност како досега.
– Не се сомневав дека ќе дојде овој ден, јас сум на местото на кое сакам да бидам. Немав контакти со други репрезентации, среќен сум тука и никогаш не сакав да си заминам. Очекувам да бидам уште многу години дел од овој тим, се надевам дека ова нема да заврши никогаш, – изјави Де ла Фуенте.
-
НБА4 часа
Лејкерс загуби во разочарувачката шутерска ноќ на Дончиќ, Мареј „експлодираше“ со личен рекорд (Видео)
-
Шпанија23 часа
Познат патот до големото финале: Реал и Барса се избегнаа во завршната ждрепка во Шпанија (Фото)
-
Англија24 часа
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал
-
Лига на шампиони20 часа
Фан од трибините ја сними еуфоричната реакција на Мбапе по голот за победа на Белингам (Видео)
-
Англија22 часа
Излетот во Дубаи заврши навистина лошо: Артета доби трет тежок удар во битката за титулата (Фото)
-
Свет23 часа
Менди си ја наполни сметката, па си пронајде и нова фудбалска средина (Фото)
-
Англија20 часа
Далот: Јунајтед може да ја освои Премиер лигата под водство на Аморим
-
Англија18 часа
Карагер за провокативниот банер на „Итихад“: Реал се посрамоти, но Сити требаше да покаже класа