Поврзете се со нас

Европски првенства

Де ла Фуенте: Ќе бараме од УЕФА да му ги врземе нозете на еден германски играч

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Големата пресметка меѓу Германија и Шпанија се најавува неколку дена наназад и фудбалските фанови ги делат од спектакл само уште неколку часа, бидејќи четвртфиналните возбудувања ќе стартуваат токму со европското дерби.

Поранешни легенди, тренерите и самите актери веќе направија најава за денешниот меч во Штутгарт, а иако имаше и зајадливи изјави, Луис Де ла Фуенте се држеше до своето размислување и не сакаше да им реплицира на таквите прозивки.

Шпанскиот селектор нагласи дека неизмерно ја почитува Германија и дека знае со каков ривал ќе излезат на мегдан, но очекувано, посебен фокус стави на Тони Крос.

– Ние ја почитуваме Германија, исто така какошто тие не почитуваат нас. Во тимот добија суперкласа како Тони Крос и тој дефинитивно прави разлика. Тој донесе талент, квалитет и харизма. Ги зарази со сигурност останатите германски играчи. Им дојде многу добро во овој период и вистинска штета е што реши да се повлече.

– Нашата цел е да му ги врземе нозете на Крос, но мислам дека нема да добиеме дозвола од УЕФА. Знаеме како игра Крос и што може да прави на теренот. Ќе се обидеме да нема лесни пасови и да го лимитираме да има простор за игра. Повторувам, ќе бараме од УЕФА да му ги врземе нозете, – изјави Де ла Фуенте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни