Поврзете се со нас

Европски првенства

Де ла Фуенте: Јамал ​​е генијалец – мора да го пазиме

Објавено

на

Луис де ла Фуенте на брилијантен начин ја опиша сегашноста и иднината на новата светска фудбалска ѕвезда Ламин Јамал.

Не штедеше пофалби за момчето кое за неколку дена ќе наполни 17 години, но му испрати и важна порака дека не смее да „лета“:

„Видовме генијалец! Вистински гениј… Мораме да се грижиме за него, да продолжиме да работиме и да му ги држиме нозете на земја. Имаме голема среќа што е Шпанец и ќе уживаме во неговата игра уште многу години. Имаме тим со многу сегашност, но повеќе од иднината“.

Стјуардот го повреди Мората, што беше непријатен детал по натпреварот.

„Веруваме дека не е ништо. Ќе почекаме вести, доби силен удар. Мората е пример, најдобриот капитен што можеме да го имаме. Ни треба на теренот и надвор од него. Тој ќе влезе во историјата на шпанскиот фудбал“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни