Европски првенства
Де ла Фуенте ја реши единствената дилема за финалето, Саутгејт со едно изненадување во стартната постава (Фото)

Луис Де ла Фуенте ја објави својата стартната постава за големото финале во Берлин на два часа пред мечот, но Герет Саутгејт беше доста попретпазлив и ги отвори картите еден час подоцна.
Шпанскиот селектор имаше само една дилема за стартните 11 и на крајот одлучи да му даде предност на играчот на кој сметаше од почетната фаза, односно во почетниот тим го врати Ле Норман на местото на Начо.
Стоперот на Реал Сосиедад се враќа во стартниот состав и тоа е единствената промена во шпанскиот тим, а интересно една промена има и во тимот на Герет Саутгејт.
Ако потегот на Де ла Фуенте беше очекуван, оној на Саутјгејт доаѓа како големо изненадување, бидејќи во финалето шанса како стартер добива фудбалер кој беше во аут од месец февруари до пред една недела.
По малата минутажа која ја доби на последните два меча, Лук Шо денеска доби предност пред Трипие, па тоа е единствената промена која ја има во англискиот тим за финалето.
Шпанија: Симон, Карвахал, Ле Норман, Лапорт, Кукурелја, Родри, Фабијан, Олмо, Јамал, Нико Вилијамс и Мората.
Англија: Пикфорд, Вокер, Лук Шо, Геи, Стоунс, Маину, Рајс, Белингам, Сака, Фоден и Кејн.
👥 ¡¡𝗘𝗟 𝗢𝗡𝗖𝗘 𝗗𝗘 𝗧𝗢𝗗𝗔 𝗟𝗔 𝗩𝗜𝗗𝗔!!
Aquí están nuestros chicos colocaditos en el campo.
💪🏼 ¡¡𝗩𝗔𝗠𝗢𝗢𝗢𝗢𝗦!! #VamosEspaña | #EURO2024 pic.twitter.com/ZgqekJw9j6
— Selección Española Masculina de Fútbol (@SEFutbol) July 14, 2024
Your #ThreeLions for the final! 🏴 pic.twitter.com/89vFVGLfZW
— England (@England) July 14, 2024
-
Италија4 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
Шпанија6 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
АТП24 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Италија5 часа
Чистката во Јувентус ќе опфати и фудбалер кој пристигна во јануари
-
Шпанија7 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија24 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Балкан3 часа
Велкоски му посака добредојде на Ристовски во Сараево (ФОТО)
-
Англија23 часа
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)