Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Ла Фуенте и Дешамп направија (не)очекувани потези: Ова се почетните постави за првото полуфинале на ЕП

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Вечерва на „Алијанц Арена“ во Минхен се игра првото полуфинале на Европското првенство во кое еден на друг ќе удрат селекциите на Шпанија и Франција.

Далеку поголеми проблеми околу составот имаше шпанскиот селектор Де Ла Фунте кој поради суспензии не може да смета на двајца стартери Карвахал и Ле Норман, плус Педри кој е повреден.

Поради ова искусните Навас и Фернандез се најдоа на нивните место во одбраната, додека пак Олмо го менува асот на Барселона во почетната единаесетка на „црвената фурија“.

Кога се во прашање Французините се остварија најавите и Гризман е на клупата на резерви заедно со Камавинга. Имено Рабио се враќа во почетната постава по издржаната казна, плус тука е Дембеле кој заедно со Мбапе и Коло Муани ќе биде најголема опасност за Унаи Симон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни