Поврзете се со нас

Европски првенства

Де Ла Фуенте ги предупреди Шпанците: Мораме да бидеме внимателни со Грузија…

Објавено

на

Foto:x.com/SEFutbol

Грузија издвојува изненадувачка победа над Португалија (2-0) во завршното трето коло во групата Ф, победа која им овозможи историски пласман во нокаут фазата каде за ривал ќе ја имаат Шпанија.

Шпанците се перфектни на досегашниот дел од турнирот, три победи без примен гол, но тоа е веќе во минатото и селекторот Луис Де Ла Фуенте ги предупреди неговите играчи да бидат внимателни и воопшто да не го потценуваат Кварацхелија, Мамардашвили и компанија.

-Имаме максимална почит кон нив. Тие се репрезентација која има одличен турнир, која ја совлада Португалија, видовме дека тие се подобруваат и напредуваат во нивните перформанси. Ќе мора да ја дадеме нашата најдобра верзија за да имаме шанса да се пласираме во следната фаза.

-Видовме дека донекаде го променија системот, но не и идејата што ја имаат, со играчи кои многу брзо излегуваат во транзиции. Ќе мора да бидеме многу внимателни. Искуството од играње натпревари и сигурноста да се квалификуваш, со мотивацијата што доаѓа од победата над Португалија, ги прави поопасни. Тие, благодарение на таа траекторија, ќе имаат сигурност. И ние со нашата.

-Мораме да го потврдиме нашиот пат, нашата идеја и да продолжиме да растеме. Во нашите глави, нашите срца и нашите нозе продолжуваат да се подобруваат. Нашите играчи го разбираат тоа. Ако сакаме да одиме далеку, подобрувањето мора да биде постојано, -порача предводникот на „црвената фурија“.

Средбата Шпанија-Грузија е закажана за 30 јуни во Келн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни