Поврзете се со нас

Лига на нации

Де Ла Фуенте: Благослов е што имаме играч како него

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанија не дозволи нов кикс и ја реши Швајцарија со 4-1 во рамките на второто коло во Лигата на нации.

Шпанците не се прославија во претходната рунда во која освоија само бод против Србија и притоа не успеаа да постигнат гол, но затоа вчера дадоа четири погодоци иако преку 70 минути играа со играч помалку.

Еден од играчите кој го одбележа дуелот беше младиот Ламин Јамал иако само го одигра првото полувреме, период во кој забележа асистенција за погодокот на Хоселу, но воедно беше и најопасен играч пред да биде заменет од Феран Торес.

-Благослов е да се има играч како Ламин Јамал кој може да одигра толку многу натпревари. Тешка задача? Ако Барселона не мисли дека може да игра 180 минути, кажете ми. Секогаш ќе ги користиме нашите најдобри играчи, -порача селекторот Луис Де Ла Фуенте кој е не баш омилен меѓу навивачите на каталонците особено по повредата на Гави.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни