Де Коло го шокираше Фенербахче со поени за победа во последната секунда (Видео)

nando-de-kolo

ЦСКА Москва победи на дербито против Фенербахче во кошаркарската Евролига, а победникот беше решен со поени во последната секунда на натпреварот.

Гостите од Русија често имаа предност во Истанбул, но Фенербахче не се откажуваше од позитивен резултат, за двата тима да влезат во драматична завршница и разрешница на дербито. Клучниот момент дојде буквално во последната секунда и поените на Нандо Де Коло кој не погреши и донесе победа за ЦСКА со резултат 81:79.

Facebook Коментари