Поврзете се со нас

Италија

Де Кетелар сам си намести волеј и режираше фудбалска бравура во Џенова (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Atalanta_BC

Шарл Де Кетелар целосно дојде до израз откако направи трансфер од Милан, клуб во кој имаше навистина лоша сезона и каде едноставно не доби вистинска шанса во тимот на Стефано Пиоли.

Белгиецот не правеше голема промена и се пресели во соседниот клуб во Милано, а многу брзо стана еден од лидерите на Аталанта која оваа сезона повторно се бори за пласман во Лигата на шампионите.

Тимот од Бергамо денеска оствари важна победа на тешкото гостување кај Џенова со резултат 1:4, натпревар кој го одбележа токму Де Кетелар кој режираше вистинска фудбалска минијатура.

По додавањето од Пашалиќ, Де Кетелар сам си намести волеј и испрати бравурозен шут со својата посилна лева нога, мајсторија со која го најави триумфот на гостинскиот тим.

Во продолжение од мечот, Малиновски одговори и израмни на 1:1, но до крајот Аталанта постигна уште три гола преку Копмајнерс, Ѕапакоста и Туре и победи со 1:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни