Поврзете се со нас

Свет

Де Јонг за специјалниот Меси: Никогаш не сум видел толку голема разлика меѓу еден играч и останатите

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси за многумина е најдобриот играч на сите времиња, ас кој ги освои сите можни, најважни титули на клупско и репрезентативно ниво притоа играјќи клучна улога во тие успеси.

Аргентинецот низ долгата кариера имаше можност да го дели теренот со доста играчи, фудбалери со топ квалитет, но и нив едноставно успеваше да ги импресионира, да ги остави без зборови, а ново сведочење за тоа имаме и од Френки Де Јонг кој со Лео соработуваше во Барселона.

-Никогаш не сум видел толку голема разлика помеѓу еден играч и останатите. Што и да правевме на тренинзите, Меси беше најдобар, секогаш. Тој гледа решенија на теренот кои вие како тренер не можете однапред да ги смислите, -истакна Френки.

Меси од 2023 година настапува за Интер Мајами во МЛС лигата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни