Шпанија
Де Јонг за мерките по повредата: Претходно воопшто не размислував за тоа…
Френки Де Јонг полека се враќа на фудбалските терени и тоа откако беше во аут неколку месеци и тоа по повреда која првично требаше да го оддалечи од зелениот тепих само неколку седмици.
Холанѓанецот настрада во дуелот со Реал Мадрид одигран во месец април и иако се очекуваше тој да биде спремен за настап на Европското првенство, повредата беше далеку посериозна и освен што го скокна тој настап, потоа уште некое време воопшто не беше достапен за Барса за да конечно во изминативе седмици да бидат надминати проблемите иако јасно е дека ќе му треба период за да дојде до вистинското ниво.
Сериозниот проблем со зглобот го натера Френки да преземе мерки и сега внимава многу повеќе од минатото.
-Трошам многу време на глуждот. Сега, морам многу повеќе да се грижам за тоа. Претходно воопшто не ни размислував за зглобот пред натпреварите, но сега добивам третман пред тренинг и натпреварите.
-Морам да ставам мраз на тоа, морам да направам дополнителни подготовки за да тренирам…. Мислам дека тоа ќе продолжи да биде случај уште некое време, ќе мора да внимавам на тој зглоб подолго време, -откри Де Јонг.
-
Свет23 часа
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
Шпанија24 часа
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Англија17 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Свет19 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони15 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Шпанија23 часа
Фудбалер на Рајо почна да се води за исчезнат во јавноста, претседателот на клубот даде објаснување
-
Свет19 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија19 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед