Поврзете се со нас

АТП

Де Јонг со чуден удар го збуни Алкарас, Шпанецот ја одобри „магијата“ на мрежа (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Лошото време во Париз прекина голем дел од мечевите кои се на денешната програмата, но сепак се играат оние на централниот терен поради опцијата да се затвори кровот.

Така Карлос Алкарас како трет носител денеска излезе на терен на „Филип Шатрие“, а Шпанецот беше навистина сериозно тестиран во втората рунда на парискиот грен слем.

Холанѓанецот Јеспер Де Јонг според ранкинг е далеку од тениската елита, но попладнево покажа добра и храбра игра, а со својот репертоар дури и го изненади Шпанецот.

Де Јонг успеа да го освои третиот сет со 6:2 и освои еден сет во пресметката со Шпанецот, но освои и еден магичен поен на мрежа со кој успеа да го збуни Алкарас.

Карлито остана збунет од чудниот удар на Јеспер и ја одобри неговата импровизација откако го загуби поенот, меѓутоа сепак беше далеку позадоволен кога го заврши мечот со победа од 6:3, 6:4, 2:6 и 6:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни