Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Де Јонг се врати на теренот после пет месеци и доби неочекуван третман од фановите на Барса (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

Френки Де Јонг последниот натпревар го одигра против Реал МАдрид во завршницата од минатата сезона, по што мораше да чека цели пет месеци за да се врати на зелениот терен.

Холанѓанецот трипати го повреди зглобот во иста сезона и мораше да направи подолга пауза, а конзервативниот третман направи да ги пропушти подготовките и стартот на новата сезона.

Френки денеска беше во комбинација за настап против Јанг Бојс и очекувано доби шанса од клупата, па и покрај сите лоши приказни околу изборот за санирање на повредата и неколкуте свирежи минатата сезона, Де Јонг вечерва беше топло пречекан од навивачите на Барса.

– Многу сум среќен поради победата и лично за враќањето на теренот. Ова беше среќна ноќ за мене, добив аплаузи и од навивачите.

– Да бидам искрен, не очекував вакви овации, многу сум благодарен за начинот на кој ме третираат луѓето. Од тоа што го гледам, тимот е во добра форма, се наоѓаме во добар момент и има многу енергија и многу динамика во тимот. Треба да продолжиме вака и да работиме на себе, можеме да бидеме само подобри, – изјави Де Јонг по победата од 5:0.

Видеото погледнете го ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни